Утрински Весник
Македонија

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Најавениот влажен бран ќе донесе воден талог од над 30 литри, а на планините снег и над 25 сантиметри!

Accprecip 20240303 00 072 660x330 1.jpg

Метео анализа на Славчо Поповски:

Големиот влажен бран кој ќе ја зафати територијата на Македонија утре попладне  и навечер, како и во вторник и истиот е поврзан со длабокиот циклонски систем кој е со центар над Џеновскиот залив, на повеќе места кај нас ќе донесе обилни врнежи од дожд на пониските места ( локално ќе наврнат и  над 30 литри на метар квадратен воден талог), и снег на планините, како и на некои повисоки населени места кои се на надморска височина од околу 1000 метри, но не смее да се исклучи можноста снежната граница да се спушти и нешто под 1000 метри, особено во западните  и во северните предели од Македонија.

Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

На планините, особено во западните предели, како и на Скијачките центри се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 20 сантиметри, понекаде и над 25 сантиметри. Сето ова ќе биде проследено и со умерен до засилен ветер, утре од јужен и од југоисточен, а во вторник од северен правец.

Во Скопје исто така со овој влажен бран ќе има пообилни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, утре од југоисточен, а во вторник од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие позначително ќе опаднат во вторник, кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Инаку во следниот период очекуваме почести врнежи од дожд, како и снег на планините, што значи пред нас е значително повлажен период, со што очекуваме вистинска снежна бајка на планините, како и на Скијачките центри.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме