Утрински Весник
Македонија

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ И ЗА ВЕЧЕРВА: Силно невреме ќе ја зафати Македонија

Vreme Dozd Nevreme.webp.webp

Под влијание на веќе споменатиот висински циклонски систем кој се разви над Средоземјето, денес 23.6.2024 во попладневните и во вечерните часови атмосферата во Македонија значително ќе се дестабилизира, па така на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија во атмосферата, токму поради повеќе дневниот екстремно топол бран од Африка кој ја зафати Македонија, локално и на повеќе места процесите ќе бидат многу интензивни и во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на крупен град. И во делови од Скопската котлина ќе има услови за појава на посилно невреме.

Апелираме во случај на појава на силно невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на крупен град автомобилите да се заштитат.

Температурите до крајот на денов остануваат екстремно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, во Скопје до околу 37 степени.

Алатката “НОТАС” за рано предупредување од невреме во вашето место можете да ја следите на следниот линк  https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Јаневска: Не ми треба преведувач за во Тетово, во Македонија се знае македонски

Савески најави средба со обвинителите во предметот за Кочани

„Најригорозна, но и најскапа мерка“: Новиот државен обвинител ќе бара од колегите поретко да се решаваат за затворски притвор