Утрински Весник
Македонија

АКТО ја продолжува мисијата на Мирко Попов за афирмација на младата македонска музика

Akto3.jpg
Dik 300x250 mk

Фестивалот АКТО 19, ги продолжува своите активности денеска во Битола со целодневен музички настан, „Градот ме тера да пеам“, со што се промовира македонската музичка сцена, млади и талентирани автори и изведувачи, чии квалитет и творештво е јадрото на домашната современа урбана култура.

Во претпладневната програма, беше промовирана винил компилацијата, „Поп култура“, посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари, издание кое е реализирано во соработка со платформата „Силата ЕУ младите“, и опфаќа песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена.

Промоцијата ја проследи министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во чиј програмски приоритети се младите. За неа, “Градот ме тера да пеам“ е извор за креативност и промотор на македонската уметност и култура.

Министерката за култура го поздрави настанот со кој урбаната култура му оддава почит на Мирко Попов, зашто како што вели организаторот, „Градот ме тера да пеам“ е песна на Попов и ПМГ Колектив, име на јубилејното 200-то издание на ПМГ Рекордингс-компилација и е една од бројните програми  на Мирко за промоција на македонската музика, реализирани во соработка со пријателите од Битола и со фестивалот АКТО, како долгогодишен придвижувач на современата мисла, уметност и култура.

Вечерната програма од настанот кој е во рамки на проектот „Јавни простори во движење (кон) II“,  започнува од 22 часот, а се состои од концертни настапи на младата генерација музичари и диџеи.

Можете да прочитате

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи

Мицкоски: Гласачите на ВЛЕН не го поддржаа Орце Ѓорѓиевски во вториот круг