Утрински Весник
Македонија

Активни шест пожари, под контрола четири

Pozar 5.webp.webp

Центарот за управување со кризи информира дека има активни шест пожари, а четири се под контрола.

Активни се пожарите меѓу селата Добри Дол и Врапчиште во општина Врапчиште каде гори сува трева, кај селото Копаница во општина Сарај каде исто така гори сува трева, како и кај селото Магленце во општина Старо Нагоричане. Активни пожари има и во велешко кај фабриката „Киро Ќучук“ и во близина на Тиквешкото Езеро, како и во битолско поточно кај месноста викана Ергела.


Под контрола се пожарите на планината Кожуф во општина Гевгелија, кај селото Мерово и кај селото Церово во општина Желино и на Јасен.

Според податоците на ЦУК, до 18 часот на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари од кои осум се изгаснати.

Можете да прочитате

Филипче и Ахмети беа обединети во криминални шеми, а сега како опозиција се координирани против безбедноста и против граѓаните

Левица: Брутална партизација на антидискриминаторна со партиски послушници на Вреди и ДПМНЕ

АКТ: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски