Утрински Весник
Македонија

Активни пожарите на Серта и Огражден: гори во Кумановско, Велешко, Штипско, Битолско, Охридско

Pozhar 4.webp.webp

Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека околу 12:00 часот започнат е пожар во атар на с.Алгуња, Маало Голиновци. Со пожарот е зафатена ниска вегетација, грмушки и појаси со шума. Пожарот е проширен кон с.Челопек. Во гаснењето н апожарот интервенирале 8 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Старо Нагоричане, 4 лица од ЈП Козјак од Старо Нагоричане како и 1 екипа од ТППЕ Куманово. Од утринските часови е планирано во гаснењето на пожарот да биде вклучен е хеликоптер на МВР како и 30 војника од Армијата.

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека пожарот во атарот на село Небрегово (општина Долнени) и м.в. Дервен, кој што започна 18.07.2024 година, а зафатена е ниска вегетација и ниска деградирана мешана шума, е сеуште активен. Во текот на денот во негово гаснење биле ангажирани 3 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ – Прилеп.

Пожарот кај с.Богомила (општина Чашка) кој на 21.07.2024 околу 11:00 часот префрлил во атарот на село Гостиражни (Општина Долнени), и зафатил нискостеблеста вегетација и мешана шума, а е на околу 2 км од с.Гостиражни и засега не е загрозено селото и манастирот Св.Петка и е сеуште активен.
Во текот на денот во негово гаснење биле ангажирани 8 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ – Прилеп, 1 вработен од ДЗС – Прилеп со 1 ПП возило и 1 багер од ЕЛС – Долнени. Од 18:55 часот ТППЕ Прилеп известуваат дека на интервенција се 15 пожарникари со 3 ПП возила.

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека шумскиот пожар во атарот на селата Тажево и Брезница-Македонски Брод е на непристапен терен каде што гори борова шума и е сеуште активен. Во текот на денот немало дејствување на воздухоплови. ТППЕ – Македонски Брод информираат дека 2 пожарникари и 40 припадници на АРМ извршуваа гаснење на пожарот. Вработените од Јасен 15 вкупно заедно и со други своиколеги и со 30 војници го одбранија Јасен да не влезе пожарот од кај реката понорница Оча кај Борова брезница.

Пожарот во атарот на с.Девич и с. Слатина М.Брод е локализиран, но не целосно изгаснат. Во гаснењето на пожарот во текот на денот интервенирале ТППЕ – М.Брод со 1 ПП возило и 5 пожарникари и 10 припадници на Армијата.

Во 09:00 часот започнат е нов пожар на место викано Стромол во атар на с.Пласница, Општина Пласница. На терен биле излезени 2 лица од ЈП НШ подружница Сандански од Македонски Брод. Пожарот се простира на непристапен терен и гори ниска вегетација, букова и дабова шума. Во текот на денот лицата што биле на терен само вршеле обиколка, но не дејствувале.

Регионалниот ЦУК Велес, известува дека шумски пожар помеѓу с..Габровник и с.Мокрени, Општина Чашка на планината Бабуна е се уште активен. На терен интервенираа екипа од ЈП Национални шуми Бабуна Велес 10 вработени. Исто така известуваат дека пожарот се движи кон с.Габровник и дека гори квалитетна шума. Екипите од 10 Лица од ЈП Национални шуми подружница Бабуна -Велес во 17:40 часот се повлечени од терен. На лице место е останато едно лице техничар на надгледување. Теренот е доста непристапен.

Во текот на денот се појавил нов пожар на место викано Мукос, Општина Чашка. Истиот е префрлен од страната на Прилеп и на тој може да се дејствува само со воздухоплов, бидејќи теренот е непристапен и да се стаса до истиот на силите кои би гаселе од копно им се потребни 30 км одење пешки по земјен пат.

Пожарот кај село Калањево е локализиран. На терен биле присутни патроли од ТППЕ Неготино со 3 пожарникари, 5 лица од ловното друштво Вардар, 5 лица од национални шуми –Демир Капија и 1 багер во сопственост на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патни правци.
Пожарот во рамките на армискиот полигон Криволак од неготинска страна е ставен под контрола. Во текот на денот е побарана помош од страна на Армијата од 1 цистерна на ТППЕ Неготино за гасење на пожарот во армискиот полигон Криволак кај месноста Јаношево. Во гаснењето на пожарот интервенирале припадници на Армијата.

Регионалниот ЦУК Штип, известува дека пожарот кој избувна на 12.07.2024 година, во атарите на селата Пухче и Селце на планината Серта е сеуште активен. Во текот на денот во негово гаснење интервенирале ТППЕ-Штип со 1 ПП возило и 4 пожарникари, Ловочувари од ловиштето „Серта„ 5 лица со 1 теренско возило (обиколка на ловиштето), локално население од с.Селце-3 лица. Интервенцијата на овој дел од пожарот е завршена во 18.30 часот. Не се забележувало активно горење, но има чадење.

Активен е пожарот на ниска вегетација од штипскиот дел на полигон Криволак. Во гаснењето на пожарот во текот на денот интервенирале 50 војници на Армијата, 1 лице од РЦУК Штип со 1 теренско возило и 2 ер трактори на ДЗС кои извршиле 28 налети. Екипите се повлечени од терен и нема активно горење.

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека шумскиот пожар на планината Огражден кај с.Бадилен е повторно активен. Пожарот се простира на непристапен терен и во текот на денот немало екипи за гаснење. На ден 23.07.2024 година ќе се планира екипа од ТППЕ Струмица да излезе на терен и да интервенира на пристапните места.

Можете да прочитате

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства

Гужви на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Граѓаните за новото задолжување на Владата: Касата празна, животот мизерен, мора да се задолжуваме за да живееме (ВИДЕО)