Во текот на вчерашниот ден избувнаа вкупно 33 пожари на отворено, според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Противпожарните тимови, некаде и помогнати од месното население, 31 изгаснале , а два (2) пожара утрово се’ уште се водат како активни и се во тек активностите за нивното контролирање, локализирање и догаснување.
Активните два пожара се во Општина Брвеница, кај селото Милетино (каде што гори борова шума и ниска вегетација), што беше изгаснат, но ноќта повторно почна да гори и во Општина Могила, кај селото Лознани (каде што гори ниска вегетација, грмушки и нискостеблеста шума), oбјави ЦУК.
Изгаснатите 31 пожар (при што горела, мешана и нискостеблеста шума, сува трева, борова шума, а на места и отпадоци) настанале во сите делови на државата:
– Општина Сарај, 2, кај с.Крушопек (депонија) и кај с.Раовиќ (ниска вегетација);
– Општина Бутел, кај „Клучката“ во населбата „Бутел“ (ниска вегетација);
– Општина Студеничани 3, кај с.Цветово (нискостеблеста шума), с.Црвена Вода (нискостеблеста шума) и кај с.Батинци(ниска вегетација);
– Општина Гази Баба, кај с.Брњарци (мешана шума);
– Општина Битола, кај месноста „Индустриски Пат“ (ниска вегетација);
– Општина Прилеп, 4, кај фабрика „Милина“ (ниска вегетација), с.Старо Лагово (ниска вегетација), с.Клепач (ниска вегетација и редови со дрвја) и кај с.Долгаец (ниска вегетација);
– Општина Долнени, кај с.Житоше и с.Борино (ниска вегетација);
– Општина Гевгелија, 2, кај с.Давидово (ниска вегетација, грмушки и напиштени лозја) и кај с.Прдејци (ниска вегетација);
– Општина Радовиш, кај с.Злеово (депонија);
– Општина Струга, 3, кај с.Корошишта (стрниште), с.Ложани (стрниште и дива депонија) и кај с.Подгорци (ниска вегетација);
– Општина Кичево 3, кај с.Другово (борова шума), с.Србјани (стрниште) и кај с.Жубрино (стрниште);
– Општина Кочани, кај с.Оризари (ниска вегетација, нискостеблеста шума и лозје);
– Општина Теарце, кај с.Доброште (ниска вегетација);
– Општина Гостивар, 2, кај с.Чајле (ниска вегетација) и кај с.Форино (ниска вегетација),
– Општина Куманово, 4, кај месноста „Стари Лозја“ (ниска вегетација), с.Тромеѓа (ниска вегетација), с.Романовце (ниска вегетација) и кај с.Агино Село (ниска вргетација и стрниште) и во
– Општина Старо Нагоричане, кај с.Младо Нагоричане маало „Слатино“ (каде што горела ниска вегетација).
Инаку, по утринските активности за контролирање, локализирање и гаснење на се уште активните пожари се очекува да се доизгаснат вчерашните два пожара.