Утрински Весник
Македонија

Активни два пожара во струмичко и прилепско

Pozhar 2.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На територија на државава активни се два пожара – едниот кај селото Доброшинци во општина Василево каде гори нискостеблеста шума и вегетација и над населбата Варош во општина Прилеп каде гори ниска вегетација. 

Од Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од Регионалниот ЦУК Струмица, соопштуваат дека е направена обиколка на теренот и е утврдено дека нема активно горење. Од 05 часот, Територијалната противпожарна единица од Струмица со четири возила и 16 пожарникари  се на терен и вршат догасување на местата што чадат.

– Доколку во текот на денот има потреба од дополнителни сили ќе се бара помош од ТППЕ Радовиш и воздухопловна поддршка од хеликоптер, информираат од ЦУК.

Во текот на изминатиот ден во интервенцијата учествуваа пожарникарите од ТППЕ Струмица со четири возила и 20 пожарникари, ТППЕ Радовиш со пет пожарникари и две возила и околу 25 полицајци, а беа активирани и двата хеликоптера на МВР. 

Активен е и пожарот зад населбата Варош во општина Прилеп каде гори ниска вегетација. Активен е крак што се движи во насока на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ (манастирот „Траскавец“) кој се гаси во  утринските часови и не претставува опасност за населените места. Пожарот почнал од пожар на патничко моторно возило. 

Утрово, во 04:39 часот од градоначалникот на Прилеп е упатено барање до ЦУК за воздухопловна поддршка, што ќе се координира согласно ситуацијата на терен.

Во текот на изминатиот ден интервенирале 15 пожарникари со пет возила и една цистерна од ЈП „Комуналец“ Прилеп, кои пред полноќ биле повлечени од терен. 

Во последното деноноќие целосно се изгаснати шест пожари на отворено.

Можете да прочитате

Семејствата настрадани во Пулс ja бараат вистина – Дали смртта е предизвикана од цијанид?

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да избрише балансерот

ВЛЕН под притисок од базата – Се бара смена на Фатмир Лимани?!