Утрински Весник
Свет

Активирана експлозивна направа во еврејско училиште во Амстердам

20260314093633 big 730x400 87.webp.webp

Експлозија утрово оштети еврејско училиште во Амстердам, при што е причинета мала материјална штета. Во инцидентот никој не е повреден. Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсем инцидентот го оцени како намерен напад врз еврејската заедница.

– Ова е кукавички чин на агресија против еврејската заедница. Евреите во Амстердам се повеќе се соочуваат со антисемитизам. Тоа е неприфатливо, наведе Халсем.


Безбедноста во синагогите и еврејските институции во Холандија е засилена по вчерашното подметнување на пожар во Ротердам.

Зголемена е загриженоста поради евентуални напади врз еврејската заедница ширум светот по американско-израелскиот напад врз Иран.

Пред два дена беше нападната синагога во Детроит, во американската сојузна држава Мичиген. Маж по потекло од Либан удри во синагогата со камионет наполнет со огномет и канти со бензин, при што предизвика пожар. Напаѓачот си пукаше во глава по престрелката со полиција. Тој е идентификуван како Ајман Газали (41), а нападот го изведе откако претходно беше бомбардиран неговиот роден град, при што загинале неговите два брата и внуци.

На 9 март во белгискиот град Лиеж беше поставена експлозивна направа во синагога, при што беше предизвикана материјална штета.

Можете да прочитате

Хамас го повика Иран да не ги напаѓа соседните земји

Израел планира голема копнена инвазија врз Либан

Во израелски напад врз јужен Либан загинаа најмалку 12 медицински работници