Утрински Весник
Спорт

„Ако си капитен не значи дека секогаш ќе играш“

„Ако си капитен не значи дека секогаш ќе играш“

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг ја објасни „новата“ улога на капитенот Хари Мегваер во тимот. Мегваер беше стартер во првите две кола од Премиер лигата против Брајтон (1:2) и Брентфорд (0:4), но седна на клупата за големото дерби и победата против Ливерпул (2:1).

dobivaj vesti na viber

„Добро е што во тимот има конкуренција, таа секогаш е потребна. Мораме да покриеме многу натпревари и тоа можеме да го направиме на неколку начини. Мегваер? Ако си капитен, не значи дека треба секогаш да играш, особено кога е Варан во тимот“, ги пренесе Би-би-си зборовите на Ерик Тен Хаг.

Мегваер стана најскапиот дефанзивец во историјата на Премиер лигата кога пристигна од Лестер во летото 2019 година за 70 милиони фунти. Сепак, многу навивачи на „црвените ѓаволи“ ги критикуваат неговите настапи и сметаат дека тој не заслужува место во тимот.

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила