Утрински Весник
Македонија

Ако сакавме со 15.000 војници ќе ја поделевме Македонија во 2001 вели Ахмети

542758074 1357428259071825 441849722745574868 n.jpg

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, за време на својот говор во Чаир, остро реагираше на, како што рече, „измислените наводи“ на дел од политичарите и нивните политики дека Албанците сакаат да ја поделат Македонија.

„Ако Албанците сакале да ја поделат Македонија, тоа ќе го направеле со петнаесет илјади вооружени војници. Ние сакаме унитарна и рамноправна држава за сите, а не тиранин за едни“, изјави Ахмети, пренесуваат дел од медиумите на албански јазик.


На партискиот настан, каде присуствуваа и кандидатите за градоначалници Бујар Османи и Скендер Реџепи – Зејд, беше потпишан т.н. „Закон за Чаир“. Ахмети нагласи дека со овој чин се запечатува „најголемото национално единство од 2001 година“.

„Сите се обединети, како и порано, за да го вратат достоинството, да ја вратат честа, да ги заштитат достигнувањата. Тогаш борбата беше да се добие еднаквост, денес е да се заштити. Заедно да се стави крај на дискриминацијата, понижувањето, лошото управување. Сенародното движење на отпор и надеж станува сè посилно и поинклузивно секој ден! Сите на нозе, подготвени за октомврискиот референдум,“ порача Ахмети пред жителите на Чаир.

Можете да прочитате

Во тек е голема полициска акција на СВР Скопје во содејство со ОЈО во отпадите кај Вардариште

ЗНМ и ССНМ: Потребно е целосно расветлување на сомнежите за прислушување на новинари

Албана Мустафа од ДУИ алармира: Агенцијата за филм претворена во партиска испостава, албанските режисери дискриминирани!