Утрински Весник
Магазин

„Ако сакате веганска храна, одете во вегански ресторан!“, порача угостителка

„Ако сакате веганска храна, одете во вегански ресторан!“, порача угостителка

Сопственичка на ресторан, која се соочи со кампања на омраза, го возвраќа ударот додека беснее битката меѓу веганите и рестораните, кои одбиваат да го задоволат секој нивни каприц.

dobivaj vesti na viber

Сали Купер добивала закани – онлајн и лично – по објавувањето на најавата за отворањето на своето бистро и го објави менито. Посетете го нашето бистро на островот Вајт ова лето и ќе се обидеме да ве намамиме со вкусна палета јадења за оние што јадат месо и за вегетаријанци. Ветуваме, тоа е мени од кое ќе ви потече вода на устата.

„Кога минатата година го најавив отворањето на нашето бистро и го објавив менито на ‘Фејсбук’, навредите и заканите со кои се соочив – онлајн и лично, како и пцостите преку телефон – ме доведуваа до солзи“, открива Сали Купер.

„Неверојатно, луѓето што ја излеаја таа омраза врз мене веруваат дека се праведни, добри… затоа што се вегани“.

Така, кога прочитав минатата недела дека десетина демонстранти влегле во ресторанот Fyre на познатиот готвач Џон Маунтин во Перт, Австралија, по неговата најава дека веганите се забранети – како одговор на рецензијата со една ѕвездичка поради негови наводни недостатоци како готвач – сеќавањата на целиот стрес што го преживеав се вратија.

„Верувам дека активистите нема да бидат задоволни сè додека секое јадење во понудата не биде целосно веганско: без јајца, без млечни производи, никаков животински производ“.

„Гневните пораки се намножија. Се држев цврсто до мојот став објаснувајќи дека не е економски исплатливо да се задоволат сите желби“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста