Утрински Весник
Спорт

„Ако Меси ме престигне по бројот на трофеи, ќе играм и кога ќе наполнам 50 години“

Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвеш изјави дека се уште нема намера да ја заврши својата играчка кариера. Тој во мај наполни 39 години.

dobivaj vesti na viber

„Не сакам да размислувам за иднината, бидејќи е невозможно да се предвиди. Сè нека си оди по својот тек. Но, ако Меси ме престигне во тимските трофеи, ќе играм и кога ќе наполнам 50 години“, изјави овој фудбалски ветеран.

Дани Алвеш е светски рекордер со вкупно 46 освоени трофеи во кариерата, додека неговиот поранешен соиграч од Барселона Лионел Меси освои 41.

Меси моментално игра за Пари Сен Жермен, додека Алвеш се пресели во Мексико како слободен играч откако му истече договорот со Барселона. Тој веќе одигра десет натпревари за УНАМ Пумас од Мексико сити.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари