Утрински Весник
Македонија

Ако денеска не се избере градоначалник, втор круг на изборите ќе има на 2 ноември

20251019183341 big 730x400 30.webp.webp
Dik 300x250 mk

Во 19 часот се затвораат избирачките места, а неофицијалните резултати од Локалните избори што се одржаа денеска се очекува да бидат познати во следните неколку часа. Државната изборна комисија најдоцна за 12 часа по завршувањето на изборите треба да ги објави првичните резултати од гласањето.  

Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови во согласност со член 132 став 1 од Изборниот законик, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето. Во вториот круг на гласање за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови.


Најмалку во 21 општина каде што има по двајца кандидати се очекува изборите да завршат вечерва и да биде избран градоначалник, но, според анкетите објавени пред изборите, можно е тоа да се случи и во други општини. 

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Советници се избираат во првиот круг од изборите и притоа се употребува пропорционалниот модел, при што распределбата на мандатите се врши по Д’Хондтовата формула. Според формулата, вкупниот број гласови добиен за предложените кандидатски листи се дели со низот на делители 1,2,3… сè до бројот на членовите на советот кои се избираат во конкретната општина. Вака добиените количници се редат по големина, при што се земаат предвид оние најголеми количници колку што се избираат членови во советот. Една листа на кандидати добива онолку членови во советот колку што има најголеми количници од оние кои се земени предвид.

Кампањата за вториот круг од изборите започнува веднаш во понедленик на 20 октомври и завршува на 30 октомври на полноќ, а вториот круг на изборите е на 2 ноември. 

Можете да прочитате

Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

Албанските медиуми за локалните избори: Мирен изборен тек, без ниту еден инцидент во демократска атмосфера 

Меџити: ВРЕДИ е легитимен победник, време е Ахмети да се повлече