Саудискиот клуб Ал-Хилал го посакува Бразилецот Рафиња од Барселона. Доколку испрати примамлива понуда, каталонскиот клуб не ја исклучува опцијата за разделба со Рафиња, пренесува „Мундо Депортиво“.
Бразилецот засега нема став дали би се согласил да ја напушти Барселона по само една година помината во клубот.
Рафиња пристигна на „Камп Ноу“ пред една година од Лидс за 58 милиони евра. Сепак, Каталонците досега префрлија само 18 милиони од сумата на англискиот клуб и соодветно треба да дадат уште 40 милиони.
Поради оваа причина, доколку Ал-Хилал излезе со понуда поголема од 40 милиони евра, таа многу веројатно дека ќе биде прифатена.