Утрински Весник
Македонија

Јакимовски за Мицкоски: Дава небулозни изјави карактеристични за лузер

Stevco jakimovski 5.jpg

Запрашан за коментар на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека бил измеќар и дека неговата кандидатура била за да се ослабне резултатот на Гордана Силјановска Давкова, градоначалникот на Карпош и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски, во интервју за Топ Тема на Телнма оцени дека таквите изјави се карактеристични на човек кој е губитник

„Не знам зошто имаше потреба да дава такви изјави, со навреди кон мене и госпоѓата Ванковска. Очигледно брзал да ги собере потписите за да дава такви небулозни изјави. Тоа се изјави карактеристични за лузер, за губитник, кој што си бара алиби доколку ги изгуби изборите“ рече Јакимовски.

Тој потсети дека Силјановска Давкова ги изгубила изборите во 2019 година иако тогаш имала поширока поддршка од оваа што ја има денес.

„Еве јас имам отворено прашање. Во 2019 година, кој ѝ сметаше на госпоѓата Силјановска да победи на претседателските избори кои што се случија веднаш по промената на уставното име и потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија? – Подобро време за победа на опозицијата здравје. Тогаш дури имаше поддршка од мене и мојата партија“, истакна Јакимовски.

Можете да прочитате

Во знак на протест „Комити“ ја напуштија прославата по освојување на Купот

Филипче: Со ново задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП

Македонското научно здружение за аутизам слави 25 години постоење