Утрински Весник
Македонија

Јакимовски: Владата обезбедува пари за албански академии, додека децата во Карпош немаат за греење во училиштата

462538091 814862883918975 1867008222060945203 N.jpg

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски ја обвини владата дека со помош на разни финти им обезбедува пари на албанските општини за да финансираат таканаречена „албанска академија на науки“, а од друга страна не можат да ги платат сметките за струја на училиштата во кои учат Македонци.  Јакимовски нагласи дека не може да се штеди на грбот на децата од Карпош и презентираше документи од кои се гледа дека министерството за образование во 2022, 2023 и 2024 година континуирано ги намалува предвидените средства за образование за оваа  општина, односно за 2022 година и 2023 година исплатила на училиштата 15 милиони денари помалку од предвидените.  

-Ова се предвидените средства што требало да се исплатат: На пример, во 2022 година, кога биле предвидени 39 милиони, исплатени се само 20 милиони, тоа значи на половина. 19 милиони денари, или 300.000 евра за оваа 2022 година се исплатени помалку. За 2023 година, предвиделе како што рековме 28 милиони, а исплатиле 32 милиони денари, четири повеќе. Значи 2022 година ни скратиле 19 милиони, а лани ни додале 4 милиони што значи, не ни исплатиле 15 милиони денари, пари за училиштата во Карпош. Не може да се штеди на грбот на децата и граѓаните на Карпош. ГИ слушнавте вчера градоначалниците Албанци, кои рекоа дека сами ќе ја финансираат академијата на науки и уметности на Албанците во Македонија. Значи тие имаат средства да си финансираат и академии на науки и уметности, а ние, македонските градоначалници немаме средства ни да го платиме парното на учениците од основните училишта. Што е најинтересно, тоа го поддршка претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, што јасно кажува дека е ова договорена работа и обезбедени средства за локалната самоуправа, како да ги прејдат граѓаните, односно тоа да не го плати централната власт, туку да оди преку локална самоуправа. Значи таму можат да обезбедат средства и за функционирање на науки и уметности на Албанците, а кај нас Македонците не можат. Гледате колку средства намалиле? Не можеме ниту да платиме ни парно греење за учениците.

Ова е срамно од една влада која што дојде на власт со антиалбанска реторика, ветувајќи брда и долини, но се однесува крајно некоректно токму кон македонските општини и настојувајќи целосно да ги запре средствата кои што е должна со закон да ги исплаќа, и како што гледате средства кои што се предвидени, постојано ги намалуваат, а тоа што е најважно е дека трошоците во училиштата како што знаете и самите само се зголемуваат. Коректно е од министерката да каже немаме средства, знам дека недостасуваат средства, се надевам дека со новиот Буџет за 2025 година ќе најдеме средства за Карпош да не должи за затоплување и за други потреби кои што ги имаат училиштата. А крајно некоректно е да кажеш вицкасто дека градоначалникот е способен- ќе се снајде. Сметам дека тоа се некоректни изјави и некоректен однос од влада која што се претставува за народна, изјави Јакимовски.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!