Утрински Весник
Економија

Јакимовски ветува дека ќе се залага за гарантиран приход од 25.000 денари за секое пезионерско семејство

Efc9caad 786e 419a Ac16 Aa7fefa3d9eb.jpg

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски денеска изјави дека повеќе од половината од вкупно 330.000 пензионери живеат многу сиромашно и примаат ниски пензии.

Јакимовски вети дека како претседател ќе се залага за воведување на гарантиран месечен приход од 25.000 денари за секое пензионерско семејство во државата.

„Ако има двајца пензионери и тие имаат под 25.000 денари примања, до таа сума ќе се интервенира со мерките на социјалната политика. Значи ако едно семејство има 17.000 денари, уште 8.000 денари ќе добива од социјалната заштита и вообичаено сопругите се помлади, ако подоцна и сопругата стане пензионер и таа има 15.000 денари примања, тоа значи дека овие 8.000 денари ќе треба да се дадат на некој друг. Или пак, кога имаме два пензионери и имаат над 30-40.000 денари пензија, меѓутоа за жал еден од нив починува, останува само еден пензионер, којшто има под 25.000 денари, него повторно ќе му се даде сума што ќе го надополни остатокот до 25.000 денари“ вели тој.

Јакимовски посочи дека причината за ваквата мерка е што трошоците за живот на едно пензионерско семејство се исти без разлика каде живее и колку пензија има.

„Трошоците за греење, трошоците за храна, трошоците за ѓубретарина, за вода и така натаму, се готово исти, значи готово фиксни и од тие причини сметаме дека едно пензионерско семејство, без разлика дали се еден или два, не смее да има помалку од 25.000 денари и тоа е мерката којашто ќе инсистирам како претседател на држава заради стабилност на пензионерите, но никако не смее да се интервенира во пензискиот систем, туку напротив, со мерките на социјалната политика“ порача Јакимовски.

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk