Утрински Весник
Македонија

Јакимовски: „Пјур“ и „Мош“ одбиле соработка – за едниот има поведено постапка како дивоградба

Dik Izborna Komisija Pretsedatelski Kandidati Kodeks Za Fer Izbori Jakimovski 8 Bg.jpg

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска соопшти дека двата ноќни клубови „Пјур“ и „Мош“ не соработувале со инспекциските служби, и покрај тоа што биле предмет на надзор.

– Дури за едниот колегата има поведено постапка како дивоградба пред неколку месеци. Кога инспекторите го посетиле сопственикот, тој ги прашал зошто доаѓаат, а нашиот колега му кажал дека тоа е законска обврска. На тоа, сопственикот одговорил дека и тој е законот. Јас одговорно тврдам дека овие сопственици на ноќни клубови, дискотеки, кабариња се буквално сива еминенција во средините во кои живееме и си дозволуваат многу повеќе од она што треба – истакна Јакимовски.


Тој додаде дека, и покрај неодамнешната трагедија што го потресе градот, сопствениците на овие локали продолжуваат да одбиваат соработка со надлежните институции.

– Оние што одбиваат да соработуваат, ние ќе ја продолжиме постапката и ќе тераме до крај, како што бара законот. Во исто време, кога сте направиле нешто што не смеете, а потоа не сакате да соработувате со институциите, тоа е недозволиво – потенцира градоначалникот.

Инспекциските служби ќе продолжат со контролите, а институциите најавуваат преземање на сите законски мерки против локалите кои работат спротивно на регулативите.

Можете да прочитате

Вечерва девојка падна од зграда во Тетово

(ВИДЕО) Репортажа од која срцето ќе ви заплаче

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки