Утрински Весник
Македонија

Јакимовски не го потпиша Кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот Законик!

Stevco Jakimovski.jpg

Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски, денеска како претставник на коалицијата „Храбро за Македонија“, не го потпиша Кодексот за фер и демократски избори. Во продолжение ви ја пренесуваме неговата изјава интегрално, а под текстот имате и фото и видео материјали.

-Јас како претставник на коалицијата „Храбро за Македонија“ не го потпишав Кодексот од две причини.
Првата причина е начинот на финансирање на парламентарните избори во коишто огромни суми се оздвојуваат само за четири коалции или четири политички партии, како што рече претходниот мој говорник, трошки за сите останати.

Идејата на државното финансирање на изборната кампања, на изборниот процес е да се поттикне политичкиот плурализам, да се поттикне повеќепартискиот систем. Тоа значи да се поттикне јавување на нови политички партии, да се поттикне јавување на нови идеи, на нови мисли, на нови програми, а не е идејата на државното финансирање на изборите да се финансираат главната политичка партија на власт и главната опозициона партија. И што е најстрашно, со Законот се забранува било какво дополнително финансирање. Тоа значи дека ако некоја нова, свежа идеја има поддржувачи и има спонзори кои ќе ја поддржат во оваа кампања, тие не можат со тие средства од спонзори да финансираат кампања, односно медиумска кампања што е крајно недемократски, антипартиски, антиплуралистички и што е спротивно на интересите на граѓаните на Република Македонија.

Втората причина зошто не го потпишав е тоа што носители на листи учествуваат во претседателската кампања. И сега, можете да замислите, учествуваат во претседателската кампања и не дека имаат некое големо влијание врз гласачкото тело, зборуваат пред приведените партиски членови кои мораат да ги слушаат. Но праќаат лоша порака, не се почитува Изборниот Закон и праќаат лоша порака како ќе ја водат Република Македонија кога ќе дојдат на власт.

Тоа значи повторно ќе биде беззаконие, повторно Република Македонија нема да биде правна држава и повторно ќе збориме сите во името на правото и на правдата, а уште во изборниот процес сме подготвени да го кршиме изборниот закон и сѐ она што значи добро однесување на овие парламентарни избори, истакна Јакимовски.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!