Утрински Весник
Македонија

Јакимовски кон Мицкоски: Јас никогаш не сум се кандидирал за да наштетам некому туку за да победам, се гледаме на избори!

Stevcho Akimovski.jpg

Градоначалникот на општина Карпош и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски му врати на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој претходно денеска рече дека улогата на Јакимовски на изборите била да се ослабне резултатот на Гордана Силјановска Давкова.

„Досега никогаш во мојата долга кариера не сум се кандидирал за да му попречам на било кого. Јас и посакувам среќа и успех на вашиот кандидат Гордана Силјановска Давкова и немам лоша мисла за неа.

Но јас никогаш не сум бил марионетка и моментите кога ВМРО и СДСМ беа најјаки се спротиставив на погрешни политики и ги победив за да промовирам автентична сопствена политика. Јас не сум ад хок политичар и не прифаќам споредни улоги туку главни улоги. Во секоја изборна кампања јас имам сопствена идеа и своја програма и со неа победувам, потоа кон истите се приклучуваат останатите политички субјекти зошто секогаш сум бил иновативен, оргинален, рационален и доболно храбар да го спроведам тоа што сум го намислил.

За жал Христијан игра улога недостојна за Македонец. Пред очите на македонската јавност, режисерите од надвор го ослабнуваат ДУИ, ја делат Алијанса и му ги додаваат другарите на Албин Курти БЕСА, како иден коалиционен партнер. Христијан по изборите треба ја одигра марионетската улога за промена на уставот а веднаш потоа да признае дека сме нација од 1944, да прифати дека нашиот јазик е бугарско наречје и дека споделуваме иста историја, дека македонските револуционери се бугари по род, вклучувајќи ја и македонската икона Гоце Делчев.

Ваквата улога ја доделуваат на личности како Христијан Мицковски, а народот во мене препознава личност кој ќе се спротистави токму на ваквите предавства. Ме потценувате повторно, ме потценивте и во 2009та, токму Вие загубивте од мене.

Ме потценивте и во 2013 и ја дожеивеавте истата судбина како и во 2021та година кога ти ја делеше опозицијата со свој кандидат.

Секогаш кога сте ме потцениле сте губеле и така и сега Ви порачувам дека ќе поминете исто како во 2021 година! Ќе ве победам, затоа што јас имам искрени и чесни намери! Ќе ве победам затоа што немам скриена агенда! Ќе ве победам затоа што јас имам прави идеи!

Ќе ве победам затоа што во моите пораки нема лага. Ќе ве победам затоа што јас сум Македонец!Ќе ве победам затоа што сум далеку подобар кандидат од Гордана! Ќе ве победам и нема да инсталирате марионета! Христијан се гледаме на избори!“ стои во објавата на Јакимовски.

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!