Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Jakimo.jpg
300x250 opst2

Во последните денови сведоци сме на една стара, веќе видена практика – истите луѓе кои четири години гласаа против катните гаражи, денес излегуваат со прес-конференции дека ги нема, а утре – без срам – ќе ги ветуваат како свои.

Тоа не е визија. Тоа е лицемерие. Граѓаните на Карпош не заслужуваат лаги во боја и стари плакати со нови ветувања.


Додека тие менуваат приказни, ние ја менувавме реалноста: реновиравме училишта и градинки, поставивме фотоволтаици, изградивме нова општинска зграда, направивме нови улици, паркови и јавни површини.

Затоа, на 19 октомври — да излеземе сите и да им покажеме дека Карпош не се продава на муабет.

Карпош се брани со работа, со резултати и со достоинство.

Можете да прочитате

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Трајановски: Аеродром по мерка на граѓаните: концепт што создава, работи и се грижи