Утрински Весник
Македонија

Јакимовски е измеќар на синот и таткото Ковачевски, вели Мицкоски

Мицкоски: Шокантна беше сликата со коктел да се одбележува крајот на грејната сезона

Откако Стевчо Јакимовски, градоначалникот на општина Карпош, го обвини лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ дека стекнал милионски имот и изградил хидроцентрала за себе а не во служба на граѓаните, Мицкоски му врати и му рече дека е измеќар на синот и таткото Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

„Ја разбираме задачата на Стевчо Јакимовски која пред се е мотивирана од концесиите кон ДУИ и кон таткото и синот Ковачевски и сега има мисија да шири невистини, измислици и лаги кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тоа што го збори Стевчо Јакимовски е тоа што му наредил тандемот Ковачевски. Тоа е и причината зошто Јакимовски после 6 години власт на СДС и ДУИ и украдени милијарди збори за ВМРО-ДПМНЕ, а не за она што е изворот на проблемите во државата“, вели Мицкоски.

Според него, Ако е толку убеден Јакимовски во тоа што го збори следниот пат наместо во прашална форма вели да оди во потврдна форма за да може да се докаже вистината пред судовите.

„Навистина е срамен крајот на Јакимовски кој на тие години одлучи да се спушти толку ниско да биде измеќар на синот и таткото Ковачевски, што секако е жално за гледање“, додава Мицкоски.

Можете да прочитате

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Се бара притвор за едно од лицата кои физички ја нападнале Арсовска – познати сите детали од Обвинителството

МВР: Одобрено 24 часовно обезбедување на градоначалничката Арсовска