Утрински Весник
Македонија

Акциска контрола во угостителски објекти во Охрид, приведени странски државјанки

Две лица приведени, пронајдена марихуана во акциска контрола во угостителски објекти

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални полициски операции, Одделот за криминалистичка полиција, Регионалниот центар за гранични работи Запад, СВР Охрид и инспектори од Државниот трудов инспекторат спроведоа акциска контрола во два угостителските објекти на подрачје на СВР Охрид.

dobivaj vesti na viber

При контролата биле затекнати 12 странски државјанки од Русија, Украина, Србија и Албанија, од кои пет без пријавен престој во земјава. Констатирани се неправилности и од државниот трудов инспекторат кои ќе бидат соодветно санкционирани.

Странските државјанки биле предадени на Одделение за странци и реадмисија при РЦ за ГР Запад за понатамошна постапка. Петте лица се изведени пред Судија за прекршоци и согласно одредбите од Законот за странци изречена им е глоба и мерка протерување на странец од земјава.

Можете да прочитате

Патролни возила со радар и 360° камера тргнуваат по прекршителите низ улиците

Лишен од слобода возач од Куманово кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа

Изгоре куќа во Тетово, пожарникарите брзо интервенираа