Утрински Весник
Македонија

Акциска контрола во Битола: откриени шест диви таксисти, приведени две лица за недозволена трговија со девизи

Акциска контрола во Битола: откриени шест диви таксисти, приведени две лица за недозволена трговија со девизи

Во текот на вчерашниот ден во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при вршење на недозволена трговија, односно купопродажба на странски парични средства, без овластување од Народна банка на Република Северна Македонија и спротивно на одредбите од член 55 од Законот за девизно работење.

dobivaj vesti na viber

Притоа, кај нив биле пронајдени 247.000 денари, 12.430 евра, околу 15.000 австралиски долари, 3.302 американски долари, 4.415 канадски долари и други валути.

Исто така, на 08.08.2023, криминалистичката полиција при СВР Битола на повеќе локации во Битола изврши контрола на повеќе патнички моторни возила кои вршат превоз на патници и притоа биле затекнати шест патнички моторни возила кои вршат превоз на патници без поседување лиценца за вршење на јавен превоз. По документирање на случаите, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Глоби и други санкции за прекршоците утврдени со „Безбеден град“, известувањата ќе се добиваат преку СМС и на е-маил 

Средба на министрите Муцунски и Муртезани со високата претставничка на ЕУ, Каја Калас

Потресни сцени во суд: Повреден сведок со преврзана глава сведочеше за кошмарот во ‘Пулс’