
Денеска напладне пред Основното јавно обвинителство во Скопје е поставено платно со кое од движењето “Кој е следен” сакаат да потсетат на трагичната несреќа која се случи во Кочани пред два месеци и да испратат порака за потребата од неселективна правда и одговорност за системската корупција.
„Корупцијата и моќта убиваат. Безбедноста е основно право и ние нема да престанеме да се бориме додека институциите не почнат вистински да служат на граѓаните“, порачаа од движењето.
Организаторите ги повикуваат сите граѓани да им се придружат и на родителите на загинатите во несреќата, кои секоја сабота во 16:05 часот маршираат низ Кочани, барајќи правда и одговорност.