Утрински Весник
Македонија

Академик Ќулавкова: Предлогот на Милошоски за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“ за Македонија

Katica kjulavkova.jpg

Академик Катица Ќулавкова остро реагира на иницијативата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, за усвојување на заедничка резолуција на Македонија и Бугарија за потврда на македонскиот идентитет и јазик. Таа предупредува дека ваквиот предлог ја загрижува македонската научна и културна јавност и не смее да стане официјален став на државните институции.

„Македонскиот јазик има свој историски континуитет, сопствен дијалектен систем, кодификација и признанија во текот на многувековната историја и не смее да биде предмет на произволни политички и партиски ставови“, наведува Ќулавкова.


Таа потсетува дека македонскиот јазик:

  • е признат од меѓународната славистика и лингвистиката;
  • е официјален јазик во рамките на Обединетите нации од нивното основање;
  • е признаен од најмалку две третини од државите во светот;
  • има значајно место во меѓународните асоцијации на писателите, како Меѓународниот ПЕН;
  • има преведени илјадници дела и автори;
  • е заштитен со Преспанскиот договор;
  • бил официјален јазик во Југославија и независна Македонија;
  • се изучува во бројни лекторати во Европа и светот, а македонистиката е ценета научна дисциплина.

„Да се бара од соседна Р. Бугарија да поднесеме заедничка резолуција пред Европскиот парламент за признавање на македонскиот јазик, што е ноторен лингвистички и културен факт, е еден вид ‘руски рулет’ за Македонија, крајно неодговорен чин,“ истакнува Ќулавкова.

Академикот апелира владата да ги поддржи стратешките научни проекти за македонскиот јазик, да ја прошири мрежата на лекторати и да го стимулира неговото изучување, наместо да се препушта на политички импровизации и партиски лоби-групи во Европскиот парламент.

Можете да прочитате

Мицкоски: Бугарија има шанса да докаже дека внесувањето на Бугарите во Уставот е единственото барање

Министерството за енергетика со финансиска поддршка за ранливите категории – за сметките за струја

Министерството за енергетика со финансиска поддршка за ранливите категории – за сметките за струја