Утрински Весник
Македонија

АХВ вратила 10 тони јагнешка кожа што требало да мине низ Македонија

Ahv.jpg

Во рамки на засилените контроли на граничните премини, официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарствцо (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, навремено реагираа и одбија пратка од над 10 тони јагнешка кожа по потекло од Република Албанија, која требала да транзитира низ нашава држава.

Пратката е вратена согласно донесените превентивни мерки за заштита од ширење на болеста Чума кај мали преживари која е присутна во соседна Албанија.


Со оваа одлука, АХВ уште еднаш покажа високо ниво на професионалност и подготвеност за навремена превенција од потенцијални здравствени ризици, велат од Агенцијата

Можете да прочитате

Осум случаи на семејно насилство пријавени во последното деноноќие

Ковачевски до Хоџа: Колку од европскиот заем е реализиран во општините и кои се пеналите за доцнење?

Куќа во Центар продадена за 1,5 милиони евра, а деловен простор достигна цена од 6,8 милиони