Утрински Весник
Македонија

АХВ влезе во болничките кујни: Нехигиена, наталожени маснотии во кујна, небезбедна храна

Ahv.jpg
Dik 300x250 mk

Сто и десет килограми небезбедна храна, минатата недела уништија инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, во кујни во болничките установи во земјава, во рамки на спроведените 43 вонредни инспекциски надзори.

„Цел на вонредните контроли во кујните беше контрола дали кујните се регистрирани како оператори со храна, дали и колку ги исполнуваат општите и посебните барања за хигиена, барањата за безбеднсот кои се однесуваат на вработените лица во кујните, примената на правилата за Добра хигиенска пракса и Добра производствена пракса и НАССР процедурите, следливоста, потеклото на суровини, манипулацијата со храна и исполнувањето на микробиолошките критериуми на храната“, информираа од АХВ.


Со контролите утврдено е дека 5 кујни ја немале исполнето законската обврска за регистрација како оператори со храна во АХВ, 4 не ги задоволувале техничките барања за безбедност, односно утврдени се оштетувања на просториите каде се подготвува храна. 8 од кујните не ги задоволувале барањата за Добра хигиенска и Добра производствена пракса како барања за безбедност на храната.

За утврдените недоследности – нехигиена, наталожени маснотии во кујната, неводење на записи, несоодветно одржување на опремата, оштетени ѕидни и подни површини, немање сопствен план за анализа на храна, незавршен курс по хигиена на храна од страна на вработените лица, односно непоседување на сертификати за оваа законска обврска, утврдени нерегистрирани оператори со храна и друго, донесени се 15 решенија со наредби за отстранување на констатираните недоследности и изречени се 5 парични казни.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДС, историски дебакл на некогаш големата СДС

Приведени Турци и Узбекистанци за фалсификување дозволи за престој и други службени документи

ВЛЕН: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула