Утрински Весник
Македонија

АХВ се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на храната: Граѓаните во Македонија јадат безбедна храна

20251016153217 big 730x400 42.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Граѓаните во државава јадат безбедна храна, порачува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) која и оваа година ја поддржа кампањата на ФАО за одбележување на Светскиот ден на храната, 16 Октомври.

Според АХВ, храната постојано е под надзор, минува низ редовни и вонредни контроли и низ многубројни мониторинг програми.


-АХВ како институција е дел од синџирот за контрола на безбедноста на храната од домашно производство и од увоз, водејќи сметка храната редовно да се контролира во рамки на редовните и вонредните контроли и многубројните мониторинг програми чии досегашни анализи потврдуваат дека македонските граѓани јадат безбедна храна, наведува АХВ.

АХВ се придружи на настанот под мотото „Рака за рака за подобра храна и подобра иднина” што денеска го организираше ФАО во Паркот на франкофонијата. Претставници на АХВ на граѓаните им поделија едукативен материјал со совети за безбедна храна – флаери, лифлети и торбички.

-ФАО во рамки на Светскиот ден на храната годинава повикува на глобална соработка за создавање мирна, одржлива, просперитетна и безбедна иднина со храна. Со заедничка работа, низ владите, организациите, секторите и заедниците, активно се работи на трансформирање на земјоделско-прехранбениот сектор во насока на обезбедување на услови, секој граѓанин да има пристап до здрава исхрана, живеејќи во хармонија со планетата, велат од АХВ.

Можете да прочитате

СДСМ оди на Конгрес на 24 јануари, се чека „амин“ од Централниот одбор

Станови, акции и оружје, што пријавил Лукровски градоначалникот на Карпош

Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси