Утрински Весник
Македонија

АХВ: Од пазарот се повлекува небезбедна серија од органски био сок од јаболко од брендот ХИПП

Dik 300x250 mk

Се повлекува органскиот био сок од јаболко од брендот ХИПП поради опасност од присуство на туѓо тело, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

dobivaj vesti na viber

Од таму велат дека по извршена вонредна инспекциска контрола, на компанијата увозник ѝ е издадено решение и забрана за пуштање во промет на небезбеден производ – Органски био сок од јаболко, во пакување од 0,2 литри, со лот А98967, од брендот HIPP, со рок на траење 31.10.2023 година.

„ Бидејќи како небезбедна се смета целата серија од овој производ, на увозникот наредено му е да изврши и повлекување/отповикување на овој производ со наведениот лот од прометот. Се повикуваат потрошувачите кои го имаат купено посочениот производ истиот да не го употребуваат, односно да го вратат на местото каде е купен.

Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на [email protected]“ велат од АХВ.

Можете да прочитате

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре

Додека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник