Утрински Весник
Македонија

АХВ: Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо од Полска

Zamrznato Meso 324x235 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител.

Како што информираат од АХВ, месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на отопување.


-Во запленетото возило, небезбедното месо се транспортирало во несоодветни услови, односно без потребен температурен режим за замрзнато месо (минус 18 степени Целзиусови) и без никаква документација за потеклото – ветеринарно здравствен сертификат, комерцијален документ и други потребни документи за гарантирање на безбедноста на производот, соопшти АХВ.

Можете да прочитате

Поставена новогодишна елка во Охридското езеро

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух

Македонија вечерва меѓу најзагадените во светот