Утрински Весник
Македонија

АХВ ги доби резултатите за квалитетот на водата во Струмица

Voda31.jpg

Резултатите од земените мостри вода од 8 мерни места во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор на АХВ на акумулацијата “Турија” на 4 овој месец, а од каде ЈКП “Комуналец” Струмица ја обезбедува водата за градскиот водовод во Струмица, ги доби АХВ.

Ниту една од осумте анализирани мостри во лабораториите на Ј.З.У Институт за јавно здравје на Македонија, не одговараат на параметрите за безбедност во однос на испитаните параметри од физичко – хемиската анализа. Мострата вода после таложник, земена од фабриката за обработка на вода Струмица не е безбедна поради утврдена зголемена содржина на амонијак и манган, исто како и земените мостри од ЈКПД Комуналец Стопански двор Струмица и мострата од резервоар Св. Петнаесет – Струмица.

Поради зголемени вредности на параметрите матност и присуство на амонијак не е безбедна ниту сировата вода земена од фабриката за обработка на вода –Струмица, а поради зголемена матност, присуство на амонијак над дозволените граници и утврдено значително зголемено присуство на манган, небезбедна е и мострата вода која е земена фабриката за обработка на вода од ЈКПД Комуналец Струмица земена пред таложник.

Зголемена содржина на манган утврдена е и кај анализираните мостри вода земени после филтри од ЈКПД Комуналец Струмица, фабрика за обработка на вода, површинска вода – зафатна вода од акумулација Турија, кај која е утврдено и зголемена матност. Согласно резултатите од ЈЗУ Институт за јавно здравје, ниту овие две мостри не одговараат на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри од физичко – хемиската анализа.

Поради небезбедност, на сила останува изречената забрана од Агенцијата за храна и ветеринарство за употреба на водата за пиење од водоводната мрежа на ЈКПД Комуналец од Струмица.

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи