Утрински Весник
Македонија

Јахоски доби пасош за матурата на синот, и покрај обвиненијата и милионската истрага

Jahoski bosfor.jpg

Скопскиот Апелационен суд донесе одлука да му го врати пасошот на Асмир Јахоски, осомничен во случајот за спорната набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, со цел да може да присуствува на матурската прослава на својот син во Истанбул.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја поддржа одлуката, откако како гаранција беа понудени имот во вредност од речиси еден милион евра, како и над 1,1 милион евра во финансиски средства.


И покрај тоа, за Јахоски остануваат во сила мерките на претпазливост, вклучувајќи ја обврската секој прв понеделник од месецот да се пријавува во Основниот кривичен суд – Скопје. Тој беше пуштен од притвор минатиот месец.

Од Обвинителството информираат дека не се согласиле со првичниот предлог на одбраната за целосно укинување на забраната за издавање патна исправа, па затоа враќањето на пасошот е условено и важи само за конкретната ситуација.

Можете да прочитате

Трибина „Кочани е нашиот приоритет“ во Владата

„Можеби ќе беше жив“ – татко обвинува за негрижа во болницата во Кавадарци

По 35 години постоње згасна „Макпримат“