Утрински Весник
Македонија

Ахмети со меѓународните претставници: Во фокусот уставните измени, надминувањето на спорот со Бугарија и внатрешните реформи

Ахмети со меѓународните претставници: Во фокусот уставните измени, надминувањето на спорот со Бугарија и внатрешните реформи

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети оствари средба со Ана Лирман, министерка за Европа во Сојузна Република Германија, Лоренс Бун, државен секретар за Европа во Советот на министри на Република Франција и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за европски прашања на Република Полска, како и амбасадорите на Германија, Франција и Полска во Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на денешната средба беа клучните околности во кои се наоѓа Северна Македонија за да се забрза нејзиниот чекор кон европската интеграција, како што се важноста од усвојувањето на уставните измени, надминувањето на спорот со Бугарија по примерот на француско-германското помирување, посветеноста во спроведувањето на внатрешните реформи, процеси кои бараат компактно дејствување од сите општествени чинители.

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети пред претставниците на меѓународните сојузници на земјата ја елаборираше иницијативата што ја презема неговиот субјект за создавање европски фронт, постојаното инсистирање за рефлектирање од сите партии за надминување на овој ќорсокак, верувајќи дека дури и во редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ има европски сили кои мислат за доброто на државата и не ја сакаат нејзината изолација.

Тој нагласи и дека ДУИ останува постојан чувар на Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство, кои се склучени со поддршка на меѓународниот фактор и се сржта на мирот, напредокот и европската перспектива на земјата.

Претставниците на земјите членки на Европа на денешната средба ја изразија својата длабока поддршка за преземање на соодветните чекори кои ќе ја доведат земјата и регионот таму каде што припаѓаат, во Европската Унија.

Можете да прочитате

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето