Утрински Весник
Македонија

Ахмети се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи

Ахмети се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети се сретна со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, која е во официјална посета на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорот меѓу Ахмети и претседателката Османи биле билатералните односи меѓу двете земји, европската перспектива, постигнатиот договор со Србија и состојбите во регионот.

Честитајќи му за процесот на визната либерализација како многу важен чекор за Косово, Ахмети и Османи истакнаа дека во овие клучни моменти за европската иднина на двете земји, важно е да се зајакне соработката и да се консолидираат активностите до финализирање на целите.

Процесот на уставни измени е оценет како неопходен за европскиот пат што го започна Република Северна Македонија, за што претседателот Ахмети ја информираше претседателката Османи за последната иницијатива во која се вклучени сите политички и општествени актери во државата.

Двајцата соговорници оценија дека Република Северна Македонија и Република Косово мора заедно да го забрзаат чекорот кон Европа, како единствена алтернатива за целиот регион на Западен Балкан.

Ахмети го изрази својот став и поддршка за успешно завршување на дијалогот и меѓусебното признавање меѓу Косово и Србија.

Можете да прочитате

Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко

Свечено отворен ЕМОФ Скопје 2025 – Над 4.200 спортисти од 50 земји пристигнаа во Македонија

Вечерва активни се седум пожари низ државата