Утрински Весник
Македонија

Ахмети: Не се повлекувам, јас победив на овие избори

Ali Ahmeti.jpg
Dik 300x250 mk

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и воедно лидер на коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ), Али Ахмети рече дека неговото повлекување од политиката е „непотребно“, нагласувајќи дека излегол како победник на неодамнешниот прв круг од изборите.

Лидерот на ДУИ, во своето обраќање, ја нарекол коалицијата ВЛЕН „Здружение Газиместан“, за што рече дека губитникот излегува да тврди дека е победник.


„НАИ на овие избори освои 114.760 гласови со вкупно 159 советници. Здружението Газиместан, ВЛЕН, освои 91.849 со вкупно 122 советници. Но, тоа е тоа, секој ден тврдат дека ги добиле изборите, не само овие избори, туку и оние претходните, а всушност се големи губитници“, рекол Ахмети и го повторил ставот на НАИ за предвремени парламентарни избори.

„Ние сме посветени на европска Македонија и добри меѓуетнички односи, нула проблеми со соседите. Ние сме посветени на обезбедување подобра иднина за идните генерации“, додал Ахмети.

Можете да прочитате

Галетановски поднел оставка од функцијата шеф на Градска организација на СДСМ

Мицкоски очекува околу 130.000 гласа за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг

Ина Многуфина до Лекарска комора: Ваша е бруката за лиценцата на д-р Кузмановски