Утрински Весник
Македонија

Ахмети на средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај

Ахмети на средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, придружуван од првиот вицепремиер Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети и шефот на пратеничката група и потпретседател на ДУИ Арбр Адеми, денеска во Тирана остварија средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

dobivaj vesti na viber

Билатералните односи се оценети како традиционално добри и тие придонесуваат за продлабочување на соработката, нагласувајќи го фактот дека меѓу двете земји нема отворени спорови, па оттука и императивот, соработката да продолжи на сите полиња.

На средбата беше истакната досегашната висока соработка, поддршката и посветеноста во процесот на евроинтеграциите како земји кои чекорат по истиот пат.

На оваа средба се разговараше за состојбата на северот на Косово и непосредната потреба од постигнување мировен договор со взаемно признавање меѓу двете земји со цел стабилност на Балканот.

Ахмети го информираше Бегај за ратификацијата на Договорот меѓу двете влади за воспоставување заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични проверки „Едношалтерски систем“, нагласувајќи дека овој проект мора брзо да започне со реализација, за забрзување и поедноставување на движењето на луѓето и стоките.

На средбата се разговараше и за важни проекти како што е Коридорот 8, кој е опишан како патен и железнички јазол кој започнува од пристаништата во Бугарија, поминува низ Северна Македонија и Република Албанија и завршува во Бриндизи, Италија. Ахмети и Бегај истовремено го поздравија вклучувањето на овој проект во главната европска TEN-T мрежа, бидејќи истиот отвора нови можности за финансирање на нови железници, пристаништа и патишта.

За време на разговорот биле разгледани проектите меѓу двете земји, пристаништето Драч и сувото пристаниште во Струга, што е дел од Договорот за соработка меѓу двете влади за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортот на стоки, инвестиција која претставува иновативна и модерна димензија и ги надминува димензиите на национален проект за развој на Западен Балкан, објавија од неговиот кабинет.

Можете да прочитате

Пожарот меѓу Катланово и Петровец, делумно локализиран, нема закана за бензинската пумпа

Огромен пожар кај Катланово – 24info.mk

Во гаснењето на пожарите вклучени над 150 армиски припадници