Утрински Весник
Македонија

Ахмети до Мицкоски: Со кучиња одиш на лов на зајци, но не и на орли

Img 7961.jpeg

Со извици „УЧК, УЧК“ и видео проекции од војната во 2001 година започна конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, предводена од ДУИ, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Атмосферата на отворањето беше силна демонстрација на симболиката и политичкото наследство врз кое партијата ја гради својата мобилизација за кампањата. Во салата се скандираше и „Артан Груби“.

Во својот говор, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати жестока критика кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека со своите политики и изјави ги потценува правата на Албанците и создава опасни тензии во општеството.


„Христијане, млад си, размисли добро. Не се соочуваш со скапоцени камења или краставици, туку со добро специјализирани кадри, тимови во сите области. Мицкоски со кучиња оди на лов на зајци, но не и на орли. Орелот не се бори со кучиња, слуги и негодници кои ги дресирате за да нè оцрните. Орли, летајте високо во синилото, кучиња, чувајте се од зајци,“ порача Ахмети.

Со оваа порака, Ахмети го постави Мицкоски во центарот на својата критика, нагласувајќи дека неговите постапки, наместо да ослабнат, само ја поттикнуваат обединувачката енергија меѓу Албанците.

Можете да прочитате

Под влијание на циклонска активност, од вечер врнежи од дожд, наместа и над 30 литри на квадратен метар

Тошковски: „Безбеден град“ го развиваме со единствена цел – зголемување на безбедноста во сообраќајот

Едно лице почина, две тешко повредени во три сообраќајни несреќи