Утрински Весник
Спорт

Агуеро доби златен медал и покрај тоа што не играше за Аргентина

Агуеро доби златен медал и покрај тоа што не играше за Аргентина

Серхио Кун Агуеро, еден од најдобрите пријатели на Лионел Меси, од фудбалот се повлече пред една година поради проблеми со срцето. Болеста го спречи да биде во составот на Аргентина во Катар. Сепак, најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити од Доха си замина со златен медал.

dobivaj vesti na viber

Кун Агуеро, од почетокот на турнирот беше со аргентинските фудбалери, но не престојуваше во истиот хотел. Во пресрет на финалето му стана цимер на Лионел Меси, кој од почетокот на Мундијалот беше сам во хотелската соба.

Според аргентинските медиуми, тој активно учествувал на последните тренинзи пред финалето со Франција. Агуеро им деле совети на напаѓачите.

Се прашувате како Агуеро доби златен медал?

Ден пред финалниот меч, селекторот Лионел Скалони го пријави Агуеро како дел од стручниот штаб.

Агуеро за Аргентина дебитираше во 2006 година, во кариерата одигра 101 натпревар, постигна 41 гол. Последното големо натпреварување на кое учествуваше е Копа Америка во јуни 2021 година, кога Меси го освои првиот трофеј со националниот тим.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност