Утрински Весник
Македонија

Агенцијата за супервизија на осигурување троши 7,5 милиони денари за возила на лизинг што не се во нејзина сопственост

Supervizija novi koli.jpg

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) потпиша договор со компанијата „Порше лизинг ДООЕЛ Скопје“ за набавка на три нови патнички возила преку оперативен лизинг со времетраење од три години пишува 4news.mk.

Вкупната вредност на договорот, со вклучен ДДВ, изнесува 7.494.445,50 денари, односно околу 122.000 евра.


Договорот е склучен на 20 август 2025 година и предвидува „Порше лизинг“ во рок од 120 дена да ја изврши испораката на трите целосно нови возила. Станува збор за пакет „сè вклучено“, кој го покрива целосното каско и авто-осигурување, регистрација, зелен картон, како и сите редовни и вонредни сервиси и одржување на возилата во период од три години. Агенцијата, како корисник, е должна да ги плаќа само месечните рати.

Договорот е потпишан од претседателката на Советот на експерти на АСО, Ели Дракуловска, и овластеното лице на „Порше лизинг“, Филип Стефаноски.

Според условите, предвидени се и строги пенали за доцнење на испораката. Доколку „Порше лизинг“ доцни, ќе плаќа казна од 0,5% од вкупната вредност на договорот за секој ден задоцнување. Ако рокот надмине 120 дена, Агенцијата има право да го раскине договорот и да ја наплати гаранцијата од банката.

Можете да прочитате

Пералната на Клинички не работи, вработените со месеци без плата

„Повеќе од дијагноза, кога науката ги менува животите“, настан за подигнување на свеста за хематолошките малигнитети

Јаневска: Учебниците што им недостигаат училиштата ќе може да ги најдат во ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба