Утрински Весник
Македонија

Агенција за храна: По сомнежот за труење со храна, вонредна инспекциска контрола во кујната во студентскиот дом „Пелагонија“

Агенција за храна: По сомнежот за труење со храна, вонредна инспекциска контрола во кујната во студентскиот дом „Пелагонија“

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со Центарот за јавно здравје и претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, утрово, по добиено известување за можно труење со храна во студентскиот дом Пелагонија, извршија вонредна инспекциска контрола во кујната, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

dobivaj vesti na viber

„Од страна на инспекторите за храна, кујната е времено затворена. Наредени се мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот. За лабораториско испитување, земени се 6 мостри од храната која се послужувала и 8 брисеви од работните површини и опремата“, се додава во соопштението.

Кујната, како што појаснуваат, ќе биде повторно пуштена во употреба по добивање на лабораториските наоди со кои ќе се потврди безбедноста и по контролата која ќе направат инспекторите со која ќе се потврди дека се преземени сите наложени мерки за отстранување на констатираните недоследности.

Можете да прочитате

Левица со амандмани против козметичките „реформи” на ДПМНЕ во Кривичниот законик 

Клековски: Во март следува уште едно зголемување на платите во јавното здравство, кое ќе биде процентуално

Приведен маж од скопско Идризово, со закани барал пари од поранешниот партнер на неговата ќерка