Утрински Весник
Македонија

Агелер за Груби на црната листа: Никој не бил изненаден кога го видел неговото име

Angela Ageler.jpg

Амбасадорката на САД Анџела Агелер, во интервју за „Слободен печат“ зборуваше за ставањето на црна листа на поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Агелер кажа дека ставањето на црна листа на Груби, не е обид за мешање во оваа земја, туку дека како Македонија така и други земји го сметаат овој механизам на корисен.


„Кога ние ги вклучуваме тие луѓе, многу земји сметаат дека е корисно за да го надградат тоа и да преземат чекори. И како што реков пред некој ден и како што сум кажала и порано, нашата најголема надеж е дека, имајќи предвид што многу од информациите се достапни токму овде во оваа земја, дека истражителите, оние што го спроведуваат законот, обвинителите, судиите, исто така ќе се надоврзат. Затоа што верувам дека корупцијата има последици. Таа треба да има последици. И затоа, се надевам дека и лидерите и официјалните претставници овде ќе го следат тоа“, рече Агелер.

На прашањето дали била изненадена кога го видела името на Груби, таа одговори.

„Не, и моја претпоставка е дека никој не бил изненаден кога го видел неговото име меѓу граѓаните, во судството. Една од работите што е факт е кога САД објавиле назначување на некој поединец, а истото важи и за судијата Беџети, никој не вели: „Боже, не ми се верува“. Сите знаат во оваа држава кој е корумпиран“, рече Агелер

Можете да прочитате

Директорката ја уништува болницата: Медицинскиот персонал во детската болница Козле се обрати со писмо до Мицкоски и Таравари

Лефков: ДУИ и СДС да го осудат бегството на криминалецот од црната листа на САД, Груби, и да го повикаат да се врати

Почесен конзул на Косово моментално е во полициска станица