Утрински Весник
Македонија

Агелер: Внимателно ги следиме случувањата во правосудниот систем

Ageler.png

Американската амбасадорка во земјава – Анџела Агелер денеска изјави дека САД внимателно ги следат случувањата во правосудниот систем, конкретно владиниот предлог за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, но и поднесените интерпелации од страна на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ до Собранието за петмината членови на Судскиот совет, кои се избрани од Законодавниот дом и нагласи дека она што сакаат да го видат е дека во сите процеси се почитува законот.

Агелер денеска одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за владиниот предлог за разрешување на Коцевски кусо одговори дека нема коментар, но дека го следат процесот одблиску.


– Немам коментар, запознаена сум и го следиме процесот, според моите сознанија во тек е процесот согласно законските процедури и одблиску го следиме – рече Агелер.

Во врска со случувањата во Судскиот совет исто така не навлегуваше во детали.

– Одблиску го следиме и тој процес. Очигледно со години посочуваме во однос на Судскиот совет, но и за други аспекти на правосудниот систем, постојат законски процедури и според моите сознанија тој процес е во тек и одблиску ги следиме состојбите и сакаме да видиме дека законот се почитува – рече Агелер.

Можете да прочитате

Од почетокот на месецов, заклучно со вчера – издадени 18.132 платни налози за прекршоци во сообраќајот

СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

СДСМ: Комедија е тоа што ВМРО-ДПМНЕ нас не обвинува за скршнување од прозападниот курс