Утрински Весник
Македонија

Агелер: Сто проценти сум сигурна дека се работи на уставните измени

Img 1992.jpeg

Американската амбасадорка Анџела Агелер, гостувајќи во студиото на ТВ21, изјави дека е целосно уверена оти активно се работи на процесот за уставните измени, кои се клучни за деблокирање на европската интеграција на Македонија.

„Сто проценти сум сигурна дека се работи на уставните измени“, нагласи Агелер, одговарајќи на прашање на ТВ21 дали се согласува со ставовите дека Владата не презема ништо по ова прашање. Таа додаде дека не само што не се согласува со таквите тврдења, туку и знае дека се вложуваат напори на повеќе нивоа.

„Знам дека работат напорно во Брисел и во другите европски престолнини за да изнајдат решение“, рече амбасадорката, посочувајќи дека процесот е сложен, но дека сепак се движи напред.

Агелер повтори дека силно верува во европската перспектива на државата, истакнувајќи дека патот кон ЕУ бара исполнување на сите неопходни чекори. „Ме охрабрува тоа што гледам дека активно разговараат за отпочнување на процесот. Не е потребен само еден глас за Уставот“, додаде таа, нагласувајќи дека се водат разговори кои го подготвуваат теренот за следните чекори.

Можете да прочитате

234 советници во општини не поднеле изјава за имотна состојба

Албанец тврдел дека е повреден во сообраќајка, лекарите му нашле прострелна рана

80 годишна битолчанка нова жртва на измама со лажна сообраќајка