Утрински Весник
Македонија

Агелер: Од премиерот очекувам помалку зборување, а повеќе акција

107795cb b3ca 47a9 9d7c 888c1ffe0ca8.jpg

Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела Агелер, се осврна на состојбата во правосудниот систем и на однос на премиерот Мицкоски кон Обвинителството во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

Таа истакна дека САД до сега инвестирале „половина милијарда евра“ во судството, но резултатите не се на ниво на очекувањата.

„Воопшто не ми се допаѓа состојбата во судството. Сакам да видам помалку зборување од страна на премиерот, а повеќе дејствување во рамките на судството“, порача Агелер, нагласувајќи дека задржувањето на фокусот на јавни изјави не ги решава системските проблеми.

Таа појасни дека, иако премиерот не треба директно да избира обвинители, има политичка одговорност да обезбеди функционален систем.

„Политичарите зборуваат за многу работи – тоа е дел од нивната улога. Но на крајот, кога се гледаат резултатите, се заклучува дека има застој“, додаде Агелер.

Можете да прочитате

Агелер: Сто проценти сум сигурна дека се работи на уставните измени

На 20 декември во Скопје ДУИ ќе го одржи петтиот партиски конгрес

Петровска: Слободата на говорот е важна како интеграцијата во ЕУ