Утрински Весник
Македонија

Агелер: Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок

Angela Ageler.jpg

Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, по објавата дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и судијата Енвер Беџети се новите две имиња на црната листа на Стејт департментот, напиша официјален статус во кој вели „политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира“.

-Денешното назначување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира. САД ќе продолжат да ги именуваат оние кои се вклучуваат во значителна корупција која ги поткопува демократските институции. Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок, истакна амбасадорката Агелер.

Можете да прочитате

Македонскиот бизнисмен Никола Андреевски на вечера со американскиот претседател Доналд Трамп

Мајка од Тетово ја тепала малолетната ќерка, а десетмесечното бебе го оставала само

Малолетник нападнал друг малолетник со тврд предмет во Ѓорче Петров