
Собранискиот спикер смета дека нема потреба од предвремени парламентарни избори, ниту од техничка влада.
На денешниот брифинг со новинарите тој посочи дека предвремените избори се главната причина поради која многу владини проекти кои се почнуваат остануваат недовршени или се одолговлекува процесот .
– Лично сум поборник за редовни избори, не само поради економска и политичка стабилност, но и заради мерливост на резултатите. Предвремени избори секогаш се алиби за тоа: Немавме време да го реализираме тоа и тоа од програмата, фати предизборен период’ и слични изговори” додаде Гаши.

