Утрински Весник
Македонија

Африм Гаши хоспитализиран поради преплет на цревата

Afrim gashi.jpg

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, е задржан на болничко лекување на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје, поради преплет на цревата.

Информацијата ја потврди директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, кој изјави дека Гаши бил примен нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.


„Пациентот е примен поради преплет на цревата. Ја следиме состојбата и досега немаме одлука за операција. Се работи за преплет на цревата, но личи на нешто што може да се реши конзервативно. Пациентот е под постојан лекарски надзор,“ изјавил д-р Костовски.

Можете да прочитате

Жена со нож го повредила сопругот во Кавадарци

Михаилов: Нема застанување – конфискувани 5 запрежни коли со нелегални дрва 

Алијансата за Албанците ќе го обжалат Законот за прекршоци до Уставниот суд