Утрински Весник
Македонија

Џафери – Шинас: С.Македонија е конструктивен партнер на ЕУ во областа на миграциите и визната политика 

16022024 Pvrsm 3.jpeg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во рамките на Минхенската безбедносна конференција, се сретна со потпретседателот на Европската комисија и еврокомесар за промовирање европски начин на живот, Маргаритас Шинас. На средбата се разговараше за повеќе актуелни прашања од значење за Северна Македонија и за ЕУ, со фокус на миграциите, соработката со Фронтекс и претстојните двојни избори. Еврокомесарот Шинас изрази благодарност за конструктивната поддршка и соработка со Северна Македонија во полето на миграциите и усогласувањето со визната политика на ЕУ. Посочи дека на земјата во претстојниот период ѝ е потребен мирен и демократски изборен процес во кој ќе преовлада позитивна европска атмосфера. Премиерот Џафери истакна дека јасната ЕУ перспектива останува главен двигател на промените во Регионот и нагласи дека Владата во претстојниот период ќе манифестира континуитет и конструктивност во исполнувањето на европската агенда. Премиерот истакна дека соработката со Фронтекс и во 2023 година беше на многу високо ниво и еден од приоритетите беше операционализацијата на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Фронтекс. Премиерот го запозна еврокомесарот Шинас со актуелностите на внатрешно-политички план и подготовката за организирање двојни избори. Притоа, потенцира дека прогресивните европски сили во државата се на потег да се обединат и да го направат новиот исчекор во евроинтеграциите, во името на перспективите.

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани