Утрински Весник
Македонија

Џафери- Река: Северна Македонија и Албанија имаат одлични меѓусебни односи и заедничка стратешка цел-членство во ЕУ

11032024 pvrsm xhaferi reka 1.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го прими на проштална средба амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. Фатос Река.

На средбата, разговараа за односите меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, кои се карактеризираат со искрено пријателство и меѓусебно разбирање без отворени прашања.

Премиерот Џафери му се заблагодари на амбасадорот Река за искрениот придонес во унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете соседски земји, особено во областа на економијата, зголемувањето на трговската размена и во реализацијата на инфраструктурните проекти кои ги поврзуваат Северна Македонија и Албанија.

Двајцата соговорници истакнаа дека двете земји, како сојузници во НАТО и земји чија заедничка цел е членството во Европската Унија, споделуваат исти вредности и даваат придонес во унапредувањето на регионалната соработка, што е гаранција за безбеден и стабилен регион.

Премиерот Џафери, во знак на благодарност, му врачи на амбасадорот Река признание за неговата професионална посветеност и придонес во унапредувањето на соработката меѓу Северна Македонија и Албанија, и му посака добро здравје и натамошен личен и кариерен успех каде и да го води неговиот професионален пат.

Можете да прочитате

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Мицкоски: Mногу поподготвени сме за сезоната на пожари од кога било во минатото

Support Kocani ја исплати фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари!